Достапни линкови

logo-print

Предизборни меѓуетнички коалиции?


Можна ли е предизборна коалиција меѓу макеоднска и албанска партија?

Можна ли е предизборна коалиција меѓу макеоднска и албанска партија?

Созреана ли е македонската политичка сцена за формирање на предизборна коалиција меѓу албанска и македонска партија?

Радикалните реторики на партиите од двете најголеми етнички заедници негативно влијаат врз демократијата и меѓуетничките односи, сметаа дел од експертите. Тие препорачуваат нов изборен модел со кој македонските и албанските партии ќе формираат предизборни коалиции со заедничка програма која треба да ги надмине етничките разлики. Професорот Зоран Илиевски вели дека кога најголемите
И се избегнува стапицата што се случува на многу места во светот, не е никаков македонски феномен, феноменот на етничко наддавање
етнички партии ќе коалицирааат пред изборите,тие ќе бидат поумерени и повеќе ќе внимаваат на предизборната реторика.

,,И се избегнува стапицата што се случува на многу места во светот, не е никаков македонски феномен, феноменот на етничко наддавање кога оној што е појак, оној што има пожестока реторика ги повлекува и останатите и се создава еден магичен круг на реторика која што не придонесува ниту за постабилен изборен процес, ниту пак за подоцнежното формирање на коалициите.“

Аналитичарот Хисен Рамадани вели дека македонските и албанските партии не се подготвени политички да коалицираат пред избори и да излезат со заедничка програма. Тој смета дека проблемот е во тоа што најголемите етничките партии не можат да најдат заеднички јазик за да настапат заедно на избори.
Меѓутоа кога ќе се слушнат пооделните прашања за разрешување во Македонија по однос на една и друга партија се сосема неподобни за предизборна програма

Лидерска средба во Скопје Јули 2009


,,И овие кои што се сега во коалиција природно би било заедничка програма, заедничка коалиција предизборна да имаат партиите кои што се сега на власт. Меѓутоа кога ќе се слушнат пооделните прашања за разрешување во Македонија по однос на една и друга партија се сосема неподобни за предизборна програма.“

Ни јавноста не е подготвена да гласа за коалиција на македонска и албанска партија, а виновни за тоа се политичарите вели Рамадани.

,,Таквото согледување на состојбите направија за да таа сама се плаши од сопствената јавност и пред неа секој пат се зборува дека Македонците се пречка за одредени права и од друга страна дека Албанците никогаш не се задоволни од постигнатото, и со тоа ја контаминирале сопствената јавност.“

Експертите велат дека позитивните придобивки од предизборна коалиција се намалување на меѓуетнички тензии, надминување на разликите и однапред изградени ставови за битни државни прашања, помирен и постабилен изборен процес, како и зајакнување на механизмите за спроведување на Рамковниот договор.Со ваквите придобивки гласачите нема да гласаат по етнички пронцип туку за програмата која ќе ја понудат партиите.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG