Достапни линкови

Ден на АРМ


Припадници на специјалната единица на АРМ

Припадници на специјалната единица на АРМ

Во исчекување на членството во НАТО, опстојување во услови на исклучително намалени буџетски средства, АРМ денеска го слави 18 роденден.

Осумнаесеттиот роденден Македонската армија го прославува во исчекување на политичката разврска на пречките да стане дел од НАТО и во очајнијки напори да опстане на висината на зададените задачи за исполнување на стандардите потребни за членство во услови на исклучително намалени буџетски средства. За експертите нема дилема дека Армијата на Република Македонија во моментов е можеби најдобриот репрезент на земјава во светот и нашиот најголем амбасадор, со тоа што дејствува надвор од државата како извозник на мир
Во овој момент Армијата многу ни значи, во однос на тоа што значи добро претставување на државата, надвор
и како учесник во изградбата на демократски општетства.

,,Во овој момент Армијата многу ни значи, во однос на тоа што значи добро претставување на државата, надвор“ вели потпретседателот на евроатланстскиот совет Исмет Рамадани.

Алармите кои ги испраќаат врвните луѓе во одбраната во однос на намалувањето на буџетските средства за армијата на 1,4% од Бруто домашниот производ можат да ја нарушат оваа слика, додаваат експертите:
Со намалувањето на стредствата, евидентно е дека ќе се намали нивото на квалитет на Армијата и со тоа ние ќе дојдеме во една многу неповолна состојба


,,Ако не ги исполните тие стандарди вие нема да бидете компатабилни, ако немате финансиски средства вие не ќе може тоа да го направите, тоа е само логичен процес, ништо повеќе. Со намалувањето на стредствата, евидентно е дека ќе се намали нивото на квалитет на Армијата и со тоа ние ќе дојдеме во една многу неповолна состојба“ вели професорот Владимир Пивоваров.

Војници на АРМ
Економската криза не може да биде оправдување и во таква состојба треба да се биде свесен за приоритетите каде што несомнено спаѓа и Армијата, додава Пивоваров:

,,Значи иако имате криза треба да имате приоритет на целите што сакате да ги постигнете. Ние немајќи стратегија по ниту едно прашање, од надворешна политика, безбедносна политика итн и затоа лутаме во оваа насока.“

Буџетските средства, велат експертите, несмеат да бидат помали од 2% од БДП за да се опстане на стандардите на НАТО.
XS
SM
MD
LG