Достапни линкови

Русија го продолжува закупот на воена база во Ерменија


Министерот за надворешни работи на Еремнија вели дека Русија ќе го продолжи закупот на една воена база во Еремнија во наредните 24 години и ќе преземе нова улога во националната безбедност на земјата. Договорот за продолжување на закупот ќе биде потпишан во текот на неделата за време на посетата на рускиот претседател Дмитриј Медведев. Русија со околу 3.000 војници ќе ја надгледува воената база и заедно со ерменските војници ќе обезбеди поголема безбедност на Ерменија. Договорот ја обврзува Русија да ја снабдува Ерменија со оружје и модерна воена опрема. Ваквиот договор најверојатно ќе го вознемири соседен Азербејџан, која е во долгогодишен спор со Ерменија за областа Нагорно-Карабах. Медведев утре ќе ја посети Ерменија.
XS
SM
MD
LG