Достапни линкови

Тачи забрани српските политичари да го посетуваат Косово


Косовскиот премиер Хашим Тачи со писмо го информира специјалниот претставник на Европската унија Питер Фејт, дека косовската влада веќе нема да ги одобрува посетите на српски политичари на Косово заради политичките провокации, кои досега беа предизвикувани, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.
Во писмото Тачи прецизира дека косовската влада нема да ја одобри посетата на српскиот министер за Косово и Метохија Горан Богдановиќ, планирана за утре, и дека ќе ги отфли останатите најави.
-„Оваа мерка е преземена за да се спречат натамошните политички провокации на српските политичари на територијата на Косово и на неа не треба да се гледа како на ограничувања на слободата на движење меѓу двете земји“, наведува Тачи во писмото до Фејт.
XS
SM
MD
LG