Достапни линкови

logo-print

Во Хрватска синдикатите се закануваат дека доколку дојде до најавеното намалување на платите и на пензиите за 10 насто, тогаш ќе покренат штрајкови кои би биле многу полоши од оние во Грција. Синдикатите велат дека работниците не се заштитени и оти во земјата се штитат интересите на крупниот капитал.

Најавата на хрватската премиерка Јадранка Косор дека платите во државните и јавни служби дополнително би можело да бидат намалени за десет насто предизвика вистинско огорчување меѓу 300 илјади вработени во тој сектор.

Ним, како што додаваат, како дел од антикризните мерки најпрвин им биле земени шест насто од платата, а потоа им бил наметнат и таканаречениот кризен данок.

Затоа и не сакаат да слушнат за нови кратења. Според претседателот на Независниот синдикат Вилим Рибич, натамошниот напад врз јавната потрошувачка во Хрватска би бил напад и врз социјалната држава и напад врз образованието и здравството.

Според него, со самото тоа станува збор за напад врз сите работници и врз нивниот труд. ,,Таа власт која нема сили да се пресмета со
Нашите партии лажно се претставуваат. Социјадемократите се либерали, а на чело на Хрватската народна партија е крупен капиталист. Никој не стои зад нас. Ќе мора тоа да го правиме сами.
привилегиите, туку го напаѓа трудот, таа власт не добра власт,, вели Рибич кој отворено ја повика опозициската Социјалдемократска партија на Хрватска да застане во заштита на интересите на работниците или синдикатите ќе мора да основаат своја партија:

,,Ни треба партија која ќе го штити светот на трудот, бидејќи во политичката лепеза во Хрватска таква партија нема. Нашите партии лажно се претставуваат. Социјадемократите се либерали, а на чело на Хрватската народна партија е крупен капиталист. Никој не стои зад нас. Ќе мора тоа да го правиме сами.,,

Изјави Рибич. И претседатeлот на Сојузот на работничките синдикати на Хрватска Дамир Јакуш порачува дека е доста од штитењето на крупниот капитал и од донесувањето закони кои не се во служба на социјалната држава.
од протестите во Грција во Јули годинава

Тој предлага укинување на вториот степен од предвидената пензинска реформа и посебно предупредува на Законот за стечај истакнувајќи дека со него досега се покривал најголемиот криминал во хрватското стопанство, а работниците станаа товар за држвата.

,,Зошто стечајниот закон не се измени за да продолжи производството со цел да им се исплати долгот на доверителите, туку во многу случаи, тоа производство се стопира, недвижноста се продава, а работниците на улица, во пензија или во бирото за вработување, на државен товар. Сето тоа банките и некои индивидуи убаво си го наплатија.,,

Вели Дамир Јакуш. И додека синдикатите се закануваат со штрајкови, владата и опозицијата и натаму се препукуваат за ребаланост на буџетот и за тоа како да ја закрпат се поголемата дупка.

Граѓаните, според последните анкети, се се повеќе разочарани од нив:

,,Се прашувам како воопшто имаат образ? Нека го остават обичниот народ на мир и веќе еднаш да почне достојно да живее.,,

Вели една загрепчанка.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG