Достапни линкови

logo-print

Косовската полиција ќе чува уште 4 српски манастири


Силите на КФОР донесле одлука обезбедувањето на четири од српските манастири во Косово да се префрли од меѓународната мисија на косовската полиција, јави Танјуг, повикувајќи се на сопштение на КФОР.
Станува збор за манастирите Грачаница, Будисавче, Гориоќ и Зочиште.
Ваквата одлука е резултат на стабилната безбедносна ситуација во овие региони и веќе извршеното успешно предавање на обезбедувањето врз споменикот на Газиместан.
КФОР прецизира дека одлуката не се однесува на останатите манастири во Косово - Високи Дечани, Печката патријаршија, Девич и Свети Архангел, за чија сигурност и натаму ќе се грижат припадниците на КФОР.
XS
SM
MD
LG