Достапни линкови

Калиниќ од Земунскиот клан ќе и биде предаден на Србија


Хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ ја потпиша денеска одлуката за екстрадиција на Сретко Калиниќ во Србија.
Србија испрати барање за екстрадирање на Калиниќ на 11 јуни, три дена откако тој беше тешко ранет со огнено оружје.
Обвиненијата за нападот врз Калиниќ паднаа врз Милош Симовиќ, кого српската полиција го успаси ден подоцна на границата во обид илегално да премине од Хрватска во Србија.
Калиниќ и Симовиќ, и двајцата членови на „земунскиот клан“, се осудени во отсуство во Србија на по 30 години затвор за вмешаност во убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година.
XS
SM
MD
LG