Достапни линкови

Палестинецот од турската амбасада во Тел Авив вратен на Израел


Палестинецот кој синоќа упадна во зградата на турската амбасада во Тел Авив му е вратен на Израел откако беше заробен од обезбедувањето. Надим Ињаз се обидел да зароби заложници и бараше азил, соопшти министерството за надворешни работи во Анкара. Напнатата ситуација траела 6 часа, а напаѓачот имал нож, канта со бензин и пиштол, за кој подоцна се испоставило дека е играчка. Израелското министерство за надворешни работи претходно соопшти дека напаѓачот неодамна бил пуштен од затвор, откако ја отслужил казаната за нападот врз британската амбасада пред четири години, каде што исто така барал азил.
XS
SM
MD
LG