Достапни линкови

Сејдиу и Тачи на разговори со странските амбасадори во Приштина


Претседателот и премиерот на Косово Фатмир Сејдиу и Хашим Тачи вчера разговарале со амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција и на Италија за резолуцијата што во ОН ја предложи Србија. На состанокот, како што јави Радио- телевизија Косово, се разговарало и за ситуацијата во северно Косово, а портпаролот на Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина Кај Милер Бернер изјави дека не може да стане збор за модификација на планот на поранешниот посредник Марти Ахтисари во делот кој се однесува на северот на Косово.
XS
SM
MD
LG