Достапни линкови

logo-print

Завршена драмата во турската амбасада во Израел


Обезбедувањето на турската амбасада во Тел Авив го зароби Палестинецот кој синоќа упадна во зградата, се обиде да зароби заложници и бараше азил, соопшти министерството за надворешни работи во Анкара. Напнатата ситуација траела 6 часа, а напаѓачот имал нож, канта со бензин и пиштол, за кој подоцна се испоставило дека е играчка. Израелското министерство за надворешни работи претходно соопшти дека напаѓачот неодамна бил пуштен од затвор, откако ја отслужил казаната за нападот врз британската амбасада пред четири години, каде што исто така барал азил.
XS
SM
MD
LG