Достапни линкови

Мазда повлекува од продажба возила во САД


Јапонската автомобилска компанија Мазда ќе повлече од продажба во САД 215 илјади модели Мазда 3 и Мазда 5 поради проблеми со серво воланот, кои би можеле да предизвикаат сообраќајни несреќи. Од истите причини Мазда во минатата година во Јапонија мораше да ги доработи овие модели, а од компанијата наведуваат дека со овој проблем се занимаваат веќе две години. Американската агенција за безбедност во сообраќајот соопшти дека од јуни годинава примила 33 поплаки од возачите на моделите на Мазда, како и дека се регистрирани три сообраќајни несреќи во кои учествувале тие возила.
XS
SM
MD
LG