Достапни линкови

Нов биланс:23 повредени во експлозија во Русија


Се зголемува бројот на повредени во екплозијата во рускиот град Пјатигорск . Од локалната болница соопштуваат дека најмалу 23 луѓе се повредени при експлозија на автомобил пред една кафеана во центарот на градот кој се наоѓа во јужна Русија. Истражните органи екплозијата ја окарактеризираа како терористички напад. Руските новински агенции велат дека експлозијата ги тресела излозите на продавниците и прозорите на автомобилите на радиус од 200 метри од кафеаната. Неколку часа пред тоа бомбаш самоубиец убие еден, а повреди 2 полицајци во соседната кавказска провинција, Јужна Осетија.
XS
SM
MD
LG