Достапни линкови

Поплави во Шпанија , тројца загинати


Најмалку три луѓе загинаа, а две се повредени во поплавите кои го зафатија јужниот дел на Шпанија во близина на Кордоба, соопштија локалните власти. Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека во два автомобили загинаа двајца луѓе од надојдена вода во градот Агилар де ла Фронтера. Еден човек загинал откако врз него паднал ѕид од куќа. Во неколку градови во Шпанија меѓу кои и Кордоба прогласена е вонредна состојба поради силните дождови.
XS
SM
MD
LG