Достапни линкови

Цената на нафтата достига до 76 долари


Цената на нафтата на светските пазари порасна на 76 долари, по постојаниот пад во последните неколку дена како резултат на подобрување на пазарот на капитал и слабеењето на доларот, кои ја намалија загриженоста околу темпото на економското закрепнување. На американскиот пазар барел нафта за испорака во септември се продава за 91 цент поскапо, односно за 76,15 долари. Претходно на почетокот од оваа недела цената на нафтата за кратко време падна на најниско ниво во последните месец дена на 74,86 долари. Нафтата на лондонскиот пазар за испорака во октомври се зголеми за 1,2 долари на 76,82 за барел.
XS
SM
MD
LG