Достапни линкови

Потпишано решението за екстрадиција на Калиниќ


Хрватска ќе и го испорача Сретко Калиниќ на Србија. Решението за екстрадиција на членот на “земунскиот клан“ денес го потпишал хрватскиот министер за правда Дражен Бошњаковиќ. Портпаролката на министерството за правда на Хрватска изјавила дека понатамошната процедура за екстрадиција не е во компетенција на Министерството за правда, тука во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на Интерпол во Загреб. Калиниќ се откажал од правото на жалба за екстрадиција во Србија. Со тоа тој стана прв хрватски државјанин кој е екстрадиран во друга земја.
XS
SM
MD
LG