Достапни линкови

Се намалува бројот на пожари во Русија


Од руското Министерство за вонредни ситуации соопштуваат дека за повеќе од една четвртина ги намалиле површините зафатени со оган во околината на Москва во изминатите 24 часа, но уште 14 пожари сеуште беснеат источно и југоисточно од градот. Москва повторно е зафатена од смог и чад, но концентрацијата на штетни материи е далеку под највисокото ниво достигнато на почетокот на месецот. Од Министерство за вонредни ситуации исто така велат дека во моментов повеќе од 160 илјади луѓе и 62 противпожарни авиони се борат против шумските пожари во Русија и веќе успеале да ја преполоват површината зафатена со огнените стихии.
XS
SM
MD
LG