Достапни линкови

logo-print

Почина поранешниот италијански претседател Косига


Поранешниот италијански претседател и премиер, Франческо Косига, почина денеска на 82 годишна возраст. Косига беше претседател на Италија од 1985 до 1992. Косига беше министер за внатрешни работи во 1978 година кога поранешниот премиер Алдо Моро беше киднапиран од страна на Црвените бригади, една левичарска терористичка група. Косига, кој ги отфрли преговорите со грабнувачите на Моро, си поднесе оставка веднаш откако беше пронајдено телот на премиерот. Тој се врати на политичката сцена една година подоцна како премиер.
XS
SM
MD
LG