Достапни линкови

Авганистан донира милион долари за Пакистан


Авганистан донира еден милион долари на Пакистан за да им помогне на жртвите од катастрофалните поплави. Министерoт за финансии на Авганистан му ја предаде донацијата на пакистанскиот амбасадор во Кабул. Во поплавите во Пакистан загинаа над 1.400 луѓе, а се проценува дека 20 милиони се погодени од поплавите кои се опишуваат како најголема хуманитарна катастрофа во земјата. Штетите се проценуваат на милијарди долари. Авганистан претходно испрати медицински тим да им помога на жртвите од поплавите.
XS
SM
MD
LG