Достапни линкови

СЕ:да се престане со депортација на Ромите од Косово


Комесарот за човекови права на Советот на Европа Томас Хамарберг денеска изјави дека западноевропските земји треба да запрат со присилното враќање на Ромите на Косово и укажа на проблемите кои тие луѓе ги имаат со личните документи. Тој изјави дека многу Роми морале да избегаат за да преживеат, и многу од нив ги изгубиле своите документи. Поради тоа тие сега неможат да си ги остварат правата во земјата која ги примила. Хамарберг порача државите да ја избегнуваат политиката со која само им се отежнува и така тешкиот живот на луѓето. И да престанат присилно да ги враќаат од каде потекнуваат.
XS
SM
MD
LG