Достапни линкови

logo-print

Карзаи загрижен за каменувањето на двојката


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи е загрижен за каменувањето до смрт на една млада двојка од страна на Талибанците. Карзаи изјави дека таквиот чин е непростлив. Локалните власти соопштија дека момчето и девојката се каменувани на еден пазар во североисточната провинција Кундуз, во неделата. Момчето и девојката биле каменувани затоа што се впуштиле во недозволена љубовна врска, бидејќи и двајцата биле веќе свршени за други луѓе.
XS
SM
MD
LG