Достапни линкови

logo-print

Франција:нема специјални летови за депортирање на Ромите


Нема да има специјално организирани летови за Ромите кои од Франција ќе се враќаат во земјите од каде потекнуваат, изјави францускиот министер за имиграција Ерик Бесон. Министерот призна дека сите протерани Роми ќе можат да се вратат во Франција бидејќи законот тоа им го овозможува. Француските власти за 15 дена затворија повеќе ромски населби и сега 700 луѓе чекаат да се вратат во Романија или Бугарија. Претседателот Никола Саркози најави дека ќе им се одземе државјанството на луѓето кои имаат криминално досие.
XS
SM
MD
LG