Достапни линкови

logo-print

Одбележување на денот на АРМ


По повод одбележувањето на 18-ти август, Денот на АРМ, денеска пред зградата на Министерството за одбрана и ГШ на АРМ ќе се изврши свечено постројување, на кое пригоден говор ќе има началникот на ГШ, генерал- потполковник Мирослав Стојановски.
Во рамки на одбележувањето на Денот на АРМ, на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи изложба на која ќе бидат прикажани материјално-техничките средства и борбените возила, како и дел од вооружувањето со кое е опремена АРМ.
Претходно, на градските гробишта во Бутел ќе се бидат положени венци со цвеќе со воени почести на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
XS
SM
MD
LG