Достапни линкови

Сенатор јавно му се спротивставува на Обама


Угледниот демократски сенатор од Невада, Хари Рид јавно се спротивставува на плановите на американскиот претседател Барак Обама за изградба на џамија во близина на урнатите кули близначки од терористичките напади на 11 септември 2001 година .Тој изјави дека иако Уставот на Соединетите американски држави го заштитува правото на верска слобода , сепак верува дека џамијата би требало да биде изградена „ на некое друго место“. Критичарите на планот за изградба на џамија на тоа место во Њујорк велат дека со тоа се покажува бесчуствителност кон семејствата на жртвите кои загинаа при нападот. Минатата недела американскиот претседател Барак Обама изјави дека со тој план ќе им се одаде почит на жртвите бидејќи тој ја покажува американското вреднување на слободата на религијата.
XS
SM
MD
LG