Достапни линкови

Авганистан:Талибанците каменувале една двојка до смрт


Во северен Авганиста маж и жена биле каменувани до смрт од страна на Талибанците, затоа што имале недозволена љубовна врска., јавуваат тамошните власти. Мажот и жената на возраст од околу 20 години биле каменувани јавно на пазар. И мажот и жената биле свршени со некои други луѓе, но сепак се одлучиле да имаат врска, што е во спротивност со строгите исламски закони. Талибанците претходно овој месец каменуваа до смрт и една бремена жена, затоа што извршила прељуба. Од авганистанската организација за човекови права, ваквите инциденти ги опишуват како злосторство против човештвото.
XS
SM
MD
LG