Достапни линкови

logo-print

„Иракија“ ги напушти преговорите за влада на Ирак


Партијата Иракија на поранешниот ирачки премиер Ијад Алави ги напушти преговорите за формирање на коалициона влада со партијата „Алијанса за држава на правото“ на сегашниот премиер Нури ал-Малики. Портпаролот на Иракија рече дека тие ги напуштаат преговорите, поради коментарите на Малки дека Иракија не е сунитска туку нациналистичка партија. Од партијата бараат Малики да се извини не на партијата, туку на приврзаниците кои ја подржаа партијата . Иракија доби 91 место од вкупно 325 места во Парламентот. Преговорите меѓу двете партии повеќе пати беа доведени во застој, а сето тоа го остава Ирак 5 месеци без Влада.
XS
SM
MD
LG