Достапни линкови

Почина Димитрис Јоанидис, еден од лидерите на воената хунта во Грција


Денеска на 87-годишна возраст почина Димитрис Јоанидис, предводникот на воениот удар во 1967 година, по кој почнаа прогоните на политичките противници и интелектуалците во Грција. Воената хунта беше на власт седум години. За време на воената хунта Јоанидис беше шеф на тајната полицијa и идеен творец на владеењето што е запаметено како најцрн период во современата историја на Грција. Јаонидис почина во болница во Атина откако синоќа поради здравствени проблеми беше префрлен од најчуваниот грчки затвор, Коридалос во Пиреја. Јоанидис во 1975 година беше осуден на смртна казна што подоцна беше сменета во доживотен затвор
XS
SM
MD
LG