Достапни линкови

Регистрација на куќен совет, бесмислица!


Кумановчани се противат на законот за регистрација на куќен совет

Кумановчани се противат на законот за регистрација на куќен совет

За кумановци, законот за регистрација на куќен совет во станбените згради е бесмислен.

Законот за основање куќен совет на одреден начин како правен субјект, кој на товарот на станарите ќе се грижи за нивниот станбен простор, за кумановци е бесмислен. Невработеноста и сиромаштијата во најголемата локална самоуправа во државава не можат ниту со високи казни да ги принудат луѓето да го почитуваат законот.

РСЕ: Што мислите за законот за куќните совети?
Мислам дека е да соберат пари во буџетот. Нема да има
ефект.

„Мислам дека е да соберат пари во буџетот. Нема да има ефект.“

РСЕ: Дали луѓето ќе имаат пари да плаќаат казни?

„Нема да имаат. Има многу невработени, стечајци. Нема да имаат пари.“

РСЕ: А казните по 300 евра?

„И казните нема да ги платат, само ќе се влечкаат по судови.“

Нема да имаат. Има многу невработени,стечајци. Нема да имаат пари
Зграда во Куманово

„Тешко дека ќе може да се спроведе тој закон, како и некои други закони, на пр. Законот за градба. Со ова постои дискриминација. Граѓаните меѓусебе ќе се поделат на уште еден план, односно како што прочитав во медиумите, дека е предвидено вработените во јавната администрација да не мора да плаќаат за куќните совети. Значи уште една подвоеност меѓу граѓаните.“

За казнената политика!

„Економската состојба во нашата држава на многу полиња одредени казнени политики не можат да се спроведат. Новата власт ги гради затворите кои граѓаните не можат да платат и ќе се одлучат да ги полнат затворските објекти.“
Ова е маркетинг на владеачката партија. Кој во оваа сотојба има пари да плати за чисти глупости.


Некои сметаат дека не само кумановци туку и сите во државава тешко прифаќаат новини, а за казните пак велат:

„За граѓаните секогаш нешто ново е тешко. Казната од 300 евра е претерано.“

,,Нема врска. Толку години функционира без тоа. Ова е маркетинг на владеачката партија. Кој во оваа сотојба има пари да плати за чисти глупости. Нема врска.“

Ова се мислењата на дел од запрашаните кумановци кои секојдневно се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Најавата за примената на законот за куќните совети ги изненади, се информираа, но сепак поголемиот број од нив не се заинтересирани и немаат намера грижата за нивните станови да им ја препуштат на советите.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG