Достапни линкови

logo-print

На изборите во Киргистан сакаат да учествуваат 57 партии


Од киргистанската Централна изборна комисија денеска соопштија дека примиле документи од 57 партии од вкупно 148-те регистрирани во земјата, за учество на парлементарните избори закажани за октомври. Вчерашниот ден беше последниот рок во кој партиите можеа да се пријават за учество на изборите. Октомвриските избори во Киргистан ќе бидат првите откако земјата го усвои новиот устав за менување на политичкиот систем на земјата од претседателски во парламентарен.
XS
SM
MD
LG