Достапни линкови

Милошоски се сретна со американско-турската делегација


При денешната средба на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски со американско –турската делегација, министерот ги поздрави добрите односи меѓу Македонија и САД, континуираниот политички дијалог и стратешкото партнерство во рамките на меѓународните мировни мисии. Милошоски делагацијата ја запозна со актуелните внатрешно политички и економки процеси и со реформите во земјата, но и со политичките приоритети на Македонија. Министерот изјавил и дека очекува засилена подршка од САД за што поскоро членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, соопштуваат од министерството за надворешни работи на Македонија.
XS
SM
MD
LG