Достапни линкови

Дојава за бомба во Мисијата на Македонија при ОБСЕ во Виена


Во Мисијата на Македонија при ОБСЕ во Виена добиле анонимен телефонски повик за поставена експлозивна направа во возило паркирано пред зградата на претставништвото, соопшти Министерството за надворешни работи. По добивањето на информацијата, вработените во Мисијата ја информирале австриската полиција која направила увид. Но по проверката се констатирало дека станува збор за лажна дојава.
XS
SM
MD
LG