Достапни линкови

Косово:членките на ОН да гласаат против Резолуцијата на Србија


Косовскиот државен врв денеска ги повика земјите-членки на ОН да гласаат против предложената Резолуција од страна на Србија пред Генералното собрание. Претседателот Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи преку писмо ги повикаа членките на ОН да гладаат против Резолуцијаза за отцепената териотрија за која ќе се гласа во наредните неколку недели. Во јули, Србија испрати нацрт-резолуција до Обединетите нации, во која повикаува да започнат преговори меѓу Белград и Приштина за сите отворени прашања. Овој потег дојде откако Меѓународниот суд за правда го даде своето советодавно мислење дека декларација за независност на Косово од Србија не го крши меѓународното право.
XS
SM
MD
LG