Достапни линкови

Средба на Коњановски со американско-турската делегација


Соработката во мировните мисии во Ирак, Авганистан, БиХ, Либан, улогата на Македонија во регионот, односите со соседите, реформите во областа на одбрана и НАТО интеграциите, како и проектите во Министерството за одбрана и АРМ, се темите за кои денеска разговараа министерот за одбрана Зоран Коњановски и советниците на американските конгресмени и преставници од Турската Коалиција во САД. Министерот Коњановски на средбата побара само принципиелно вреднување на направеното од страна на Македонија , соопштуваат од министерството. Американско-турската делегација искажа подршка за целосно интегрирање на земјата во НАТО и ЕУ.
XS
SM
MD
LG