Достапни линкови

На Пакистан му се закануваат заразни болести


Околу 3,5 милиони деца можат да добијат заразни болести од загадената вода по поплавите во Пакистан, соопштуваат од ОН. Портпаролот на ОН Маурицио Џулијано денеска изјави дека Светската Здраствена организација се подготвува да им помогне на 140 илјади луѓе во случај на појава на колера . Од ОН велат дека сега најмногу ги загрижува загаденоста на водата . Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун кој е во посета на Пакистан хуманитарната криза во земјата ја опиша како трогателна. Тој изјави дека од поплавите се погодени 20 милиони луѓе и една петина од територијата на земјата.
XS
SM
MD
LG