Достапни линкови

Талибанците бараат заедничка истрага


Талибанците во Авганистан сигнализирале дека сакаат да соработуваат со меѓународните сили во истрагата во врска со цивилните жртви. Во изјавата се наведува дека истрагата би требало да ја водат претставници на талибанците или како што се нарекуваат Исламски емират на Авганистан, на НАТО, на Организацијата на исламската конференција и на Обединетите нации. Во најновиот извештај на Светската организација се наведува дека во изминативе шест месеци од годинава бројот на цивилните жртви во Авганситан се зголемил за над 30 насто и оти за тоа биле виновни талибанците.
XS
SM
MD
LG