Достапни линкови

Во Русија горат 48 илјади хектари


Во Русија и натаму горат 48 илјади хектари под шуми и полиња, соопшти денеска министерството за вонредни ситуации. Тоа е за 7 илјади хектари помалку од претходните 24 часа, велат во министерството, од каде што прецизираат дека станува збор за 494 пожари. Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе од 166 илјади луѓе и над 26 илјади пожарникарски коли и авиони.
XS
SM
MD
LG