Достапни линкови

logo-print

Иран ќе гради нова постројка за ураниум


Иран соопшти дека во почетокот на идната година ќе започне изградба на трета фабрика за збогатување ураниум. Шефот на иранската Агенција за атомска енергија Али Акбар Салехи изјави дека деновиве завршила потрагата по локации за изградба на десет постројки за збогатување ураниум и оти првата од нив ќе почне да се гради во идната година. Иран веќе збогатува ураниум во нејзината главна фабрика во градот Натанц, а гради втора во планината Фордо, југозападно од Техеран.
XS
SM
MD
LG