Достапни линкови

logo-print

Влада на Киргистан делумно одговорна


По насилствата во Киргистан

По насилствата во Киргистан

Во новиот извештај на Хјуман рајтс воч се наведува дека некои киргистански владини сили помогнале да дојде до нападите врз етничките узбечки населби во јуни годинава, во јужниот дел на Киргистан. Оваа организација, исто така, ја критикува владата за недостиг на волја да спроведе темелна и фер истрага за судирите.

Новиот извештај насловен како „Каде е правдата? Меѓуетничко насилство во Јужен Киргистан и неговите последици“ се базира врз неколкунеделно истражување и врз повеќе од 200 интервјуа со жртви, сведоци, адвокати, бранители на човекови права, владини претставници.

Исто така беа анализирани сателитски снимки и фотографии, како и форензички докази.

Оле Солванг, еден од авторите на извештајот, вели дека иако големото етничкото насилство беше огромен предизвик за безбедносните сили сепак, истрагата открила дека некои од безбедносните сили станале дел од проблемот, а не од решението.

Во изјава за Радио Слободна Европа тој изразува надеж дека владата на Киргистан ќе ги земе предвид наодите во извештајот:

„Но, повеќе од тоа, се надеваме дека и меѓународната и националната комисија ќе спроведат објективно сопствено истражување. И ако го сторат тоа тогаш мислам дека ќе дојдат до истите наши заклучоци.“

Со оглед на нивото на уништување на узбечките населби во Ош и на други места, ние сме сериозно
загрижени.
Претседателката на Киргистан, Роза Отумбаева

Насилството почна на 10 јуни во јужниот град Ош кога етнички Узбеци предизвикани од зачестените тепачки меѓу Узбеците и Киргизите нападнаа села на Киргизи кои потоа запалија неколку узбечки населби.

Се проценува дека притоа биле убиени околу 400 луѓе, по што дојде до голем бегалски бран на границата меѓу Киргистан и Узбекистан.
Во извештајот Хјуман рајтс воч цитира неколкумина сведоци од уништените населби кој велат дека луѓе облечени во маскирни униформи и со оклопни воени возила ги отстранувале импровизираните барикади подигнати од жителите, давајќи им можност на бандите да влезат во населбите за да ги палат куќите и да ограбуваат.

Во извештајот се наведува дека ваквите докази покажуваат оти во некои случаи владините сили кои влегле во населбите за да ги разоружаат жителите намерно или ненамерно им помогнале на бандите да напаѓаат и убиваат.

Солванг исто така наведува дека владините претставници не покажале волја сето тоа да го истражат како што треба.

„Има голем број произволни апсења. Гледаме дека во притвор имало злоставување и мачење. И ние сериозно се прашуваме дали истрагата била објективна и непристрасна.“

Солванг притоа додава дека од 243 лица кои биле уапсени, само 29 биле Киргизи, додека 213 Узбеци.

Поранешниот претседател на Киргистан, Курманбек Бакиев

Хјуман Рајтс Воч смета дека со продолжувањето на ваквите злоупотреби дополнително се поттикнуваат меѓуетнички тензии во Киргистан.

„Со оглед на нивото на уништување на узбечките населби во Ош и на други места, ние сме сериозно загрижени.“

Хјуман рајтс воч ја повика Организацијата за безбедност и соработка во Европа да го забрза распоредувањето на мал советодавен полициски тим во јужен Киргистан да им помогне на властите во намалувањето на етничките тензии.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG