Достапни линкови

Пакистан: можни нови поплави


Пакистан продолжува да се бори со последиците од најтешките поплави во историјата на таа земја, а метеоролозите денеска предупредија на нови монсунски дождови. Во досегашните поплави загинаа илјада и 500, а се загрозени околу 20 милиони луѓе. Размерите на несреќата предизвикаа загриженост дека би можело да дојде до политичка нестабилност во земјата која се смета за клучна во борбата против Ал Каеда и талибанците. Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун вчера во Пакистан изјави дека досега не видел ваква катастрофа.
XS
SM
MD
LG