Достапни линкови

Советници на американски конгресмени во Македонија


Во организација на Обединетата македонска дијаспора делегација од 18 високи советници на американски конгресмени од денеска ќе престојува во тридневна посета на Македонија. Делегацијата ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со министрите за надворешни работи и за одбрана Антонио Милошоски и Зоран Коњаноски, како и со пратеници и невладиниот сектор. Во составот на американската делгација е и Линкон Меккерди претседателот на Турската коалиција на Америка, која целосно ја спонзорира посетата во Македонија, а со која Обединета македонска дијаспора има сратегиско пратнерство. Гостите од САД ќе ги посетат и Битола и Охрид.
XS
SM
MD
LG