Достапни линкови

Влада на Киргистан делумно одговорна за насилствата


Во новиот извештај на Хјуман рајтс воч се наведува дека некои киргистански владини сили помогнале да дојде до нападите врз етничките узбечки населби во јуни годинава во јужниот дел на Киргистан. Оваа организација исто така, ја критикува владата за недостиг на волја да спроведе темелна и фер истрага за судирите. Насилството почна на 10 јуни во јужниот град Ош меѓу узбеците и киргизите. Се проценува дека притоа биле убиени околу 400 луѓе, по што дојде до голем бегалски бран на границата меѓу Киргистан и Узбекистан.
XS
SM
MD
LG