Достапни линкови

Украинските новинари на протест


Украинската група за слобода на медиумите „Стоп за цензурата“ соопшти дека новинарите ќе излезат на протест, поради нарушувањето на слободата на говор во последните шест месеци, откако е на власт претседателот Виктор Јанукович. Според нивното соопштение зголемена е бројката на случаи во кои новинарите биле спречени да ја извршуваат својата работа и биле цензурирани. Најавата за протестот е пред одлуката на судот дали опозициските и западно европските медиуми ТВИ и Канал 5 легално ги добиле нивните лиценци за работа.
XS
SM
MD
LG