Достапни линкови

Дачиќ:потребна поинаква помош за косовските Срби


Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ при денешната посета на Грачаница во Косово, изјави дека српската влада мора да разгледа други начини како да им помогне на Србите во Косово, по одлуката на Уставниот суд за укинување на косовскиот додаток. Дачиќ изјави дека во интерес на Србија е да се пронајде уставен начин како и понатаму да им се помогне на Србите да живеат на Косово. Тој рече дека одлуката да се укине додатокот на платите на оние кои живеат на Косово е донесена бидејќи потсоеле злоупотреби. Министерот изјави и дека нема тајни преговори меѓу владите во Приштина и Белград ,како што пишуваа многу медиуми.
XS
SM
MD
LG