Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун: целиот свет го подржува Пакистан


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Mун пристигна во Пакистан, каде ќе ги посети настраданите во поплавите во земјата. Тој изјави дека целиот свет го поддржува Пакистан. Бан се ангажира да ја мобилизира целата неопходна помош во поддршка на околу 20 милиони настрадани од природната катастрофа. Генералниот секретар пристигна во Пакистан во момент кога меѓународната заедница стравува од појава на епидемии меѓу милионите настрадани и по појавата на случаи на колера во земјата. ОН повика да бидат собрани 460 милиони долари помош за настраданите во Пакистан. Според Светската организација, 16 милиони луѓе имаат потреба од итна помош.
XS
SM
MD
LG