Достапни линкови

Косовските власти исполниле повеќе од половина стандарди


Косовските власти за две и пол години од прогласувањето независност успеале да имплементираат нешто повеќе од половина од планот на Марти Ахтисари, ги пренесуваат приштинските медиуми проценките од извештајот на Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина. Oд пакетот на Ахтисари се реализирани 52 проценти, со што е негирано тврдењето на косовскиот премиер Хашим Тачи дека косовските власти имплементирале 90 проценти од тој план. Според проценките од извештајот на Меѓународната цивилна канцеларија во Приштина, постојат седум барања на кои институциите на Косово не сториле ништо досега, додека 46 барања се исполнети делумно.
XS
SM
MD
LG