Достапни линкови

logo-print

Порака на Ал Каеда до Турција


Турците да ја принудат својата Влада да престане да соработува со Израел и да ги убива муслиманите во Авганистан, порача вториот човек на меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда Ајман ал Завахири во 20-минутна аудио-порака објавена на Интернет страницата на екстремистите. Ал Завахири рече дека турската Влада покажува симпатии кон Палестинците, испраќајќи им помош од една страна, додека од друга страна соработува со Израел. Toj изрази изрази длабоко жалење поради убиството на девет турски пропалестински активисти додека се обидуваа да ја пробијат блокадата на Појасот Газа. Ал Завахири додаде дека САД, Израел и „предавничките муслимански влади“, ја делат вината за опсадата на Газа.
XS
SM
MD
LG