Достапни линкови

logo-print

Историска служба во манастир во Турција


Во византискиот манастир Сумела во близина на Црното море денеска се одржа историска служба која ја водеше патријархот Вартоломеј Први, духовниот лидер на православните христијани. На службата во манастирот присуствуваа аџии од Грција, Русија и други православни земји. Литургијата во тој манастир се оджа откако турската влада тоа го одобри во рамките на обидите да ја подобри состојбата со многуте етнички и религиозни малцинства во земјата . Подобрувањата на верските права е во рамките на нејзините аспирации за влез во Европската унија. Активистите за човекови права ја критикуваат државата дека промените се премногу бавни, а главното барање на православните христијани е повторно отворање на Теолошкото училиште „Халки“ во Истанбул.
XS
SM
MD
LG