Достапни линкови

Нова воена вежба на САД и Јужна Кореја


Соединетите американски држави соопштуваат дека заедно со Јужна Кореја ќе одржат големи воени вежби оваа недела. Целта на вежбите е да се одврати Северна Кореја од агресивното однесување. Американскиот воен портпарол во Сеул изјави дека околу 30 илјади американски војници ќе учествуваат во 10-дневна вежба која ќе започне утре. На вежбата ќе учестуваат и околу 56 илјади војници од Јужна Кореја. Најавената вежба е дел од планираните неколку на САД и Јужна Кореја , на кои двете земји се решија по потонувањето на еден јужнокорејски брод во март, за кој западните сили ја обвинуваат Северна Кореја. Но Пјонгјанг негира дека е замешан.
XS
SM
MD
LG