Достапни линкови

logo-print

Во пресметка на нарко-картели во Мексико 6 загинати


Тела на шест млади луѓе изрешетени од куршуми се пронајдени во една зграда во мексиканското летувалиште Акапулко, кое е зафатено од насилствата меѓу ривалските нарко картели, соопштуваат мексиканските власти. Од декември 2006-та кога на власт дојде претседателот Филипе Калдерон па наваму во насилствата меѓу нарко –картелите и конфликтите со војската загинаа околу 28 илјади луѓе. Калдерон по доаѓањето на власт започна борба против нарко картелите како приоритет на државата. На полицијата и се приклучија и 50 илјади војници како зајаќнување за борбите со нарко бандите.
XS
SM
MD
LG