Достапни линкови

Во Кина ден на жалост


Во Кина денеска е прогласен ден на жалост поради жртвите при лизнање на земјиштето во областа Гансу. При лизгањето на земјиштето загинаа повеќе од 1.200 луѓе. Во погодениот регион многу села се затрупани од наносите на кал и земја, а новите наноси ја отежнаа потрагата по 500 луѓе кои се уште се водат за исчезнати. И на областа Сечуан и се заканува опасност. Надојдената вода уништила голем број куќи, а лизгањето на земјиштето уништува цели населби. Во погодените области нема струја ни телефонски врски.

XS
SM
MD
LG