Достапни линкови

Јапонскиот премиер го избегна храмот Јасукуни


Јапонскиот премиер Наото Кан денеска на одбележувањето на годишнината од предавањето во Втората Светска војна не го посети храмот Јасукуни, но им се извини на сите на кои Јапонија им нанела болка за врема на војната. Од крајот на војната па досега ова е прва година јапонската влада да не го посети контроверзниот храм , кој е спомен обележје за војниците кои го дале животот за Јапонија за време на Втората светска војна , меѓу кои има и осудени воени злосторници. Премиерот изјави дека ќе направат се да се постигне вечен мир и да не се повторат грешките од минатото.

XS
SM
MD
LG